Модерните кесички за чај испуштаат милијарди честички од микропластика во чајот

- Advertisement -


Кога се во прашање добрите потрошувачки навики, бројни истражувања ни предизвикуваат загриженост за речиси се што правиме – од пиењето кафе до користењето на телефонот. Но, се до неодамна добрата чаша чај се чинеше сосема безбедна. Сепак, едно ново истражување покажа дека некои премиум кесички чај може да остават милијарди микроскопски пластични честички во вашиот чај.

Откако во кафуле нарачала чај, професорката по хемиски инженеринг на Универзитетот во Мек Џил, Монтреал, Канада, Натали Туфенкџи, добила идеја да истражи колку пластика содржи тој нејзин чај. Чајот бил спакуван во нов вид кесичка од свилен материјал. Всушност, кесичката била направена од PET пластика и најлон и е пример за „фенси“ кесичките чај кои се се попопуларни.

- Advertisement -

Според истражувањето кое го објавиле во списанието Environmental Science & Technology, една таква кесичка чај може да испушти до 11,6 милијарди микропластични честички и 3,1 милијарди нанопластични честички. Тие честички се толку ситни што не се видливи со голо око и иако ги има милијарди на број во чајот, тие се само една шестина од милиграм од вкупниот пластичен отпад.

Светската здравствена организација, имено, тврди дека ваквите честички во водата за пиење не претставуваат ризик. Но, исто така, истакнуваат дека имаат ограничени инфромации и дека бараат повеќе истражувања по тоа прашање.

Сподели!
- Advertisement -