Со оглед на тоа дека светската популација брзо старее и се повеќе има недостиг од медицински персонал, здравствениот сектор во целиот свет се соочува со големи предизвици. Мобилниот и автономен робот YuMi на компанијата АВВ е осмислен за да работи заедно со медицински персонал и лабораториски работници, а може да помогне и во логистиката и доставата на лекови.
ABB го стартуваше своето прво светско истражување во здравството на кампусот на Тексашкиот медицински центар и претстави низа концептуални технологии дизајнирани за помош на медицинскиот персонал и вработените во лабораториите, како и во логистичките центри на болниците.
Секоја година во Тексашкиот медицински центар во Хјустон се лечат 10 милиони пациенти, вклучувајќи 750.000 посети на итната служба, повеќе од 180.000 операции и пораѓање на над 25.000 бебиња. Овој огромен број на пациенти и третмани бара најголем степен на ефикасност и брзина од вработените во центарот, а притоа да не се намали прецизноста на лабораториската работа.
Бидејќи е дом на повеќе од 60 институции, вклучувајќи ја и најголемата светска болница за деца и најголемата светска болница за лечењењ рак, тоа исто така бара високо ниво на меѓуинституционална соработка. Поради сето тоа центарот е идеален партнер за првиот глобален истражувачки центар на ABB, каде што ABB ќе развива роботи кои можат да вршат репетитивни, осетливи и секојдневни процеси, а висококвалитетниот медицински и лабораториски персонал ќе добие повеќе време за вршење на побитни улоги и лечење на повеќе пациенти.
Новиот истражувачки центар на ABB има површина од 5.300 квадратни метри и ги поврзува стартапите со пионерите во академските кругови и водечките технолошки компании за да се забрза развојот и прототипирањето на напредна медицинска технологија.
Во центарот ABB ќе развива нехируршки медицински роботи. Потенцијално, овие системи би можеле да го намалат бројот на рачни постапки кои секојдневно ги прави персоналот, да ја подобрат точноста на лабораториските тестирања и да го зголемат задоволството на пациентите и нивната безбедност.
На пример, во централниот дел на концептуалната технологија на ABB е роботот YuMi, кој самостојно ќе го препознава патот и ќе се движи околу своите човечки соработници додека не научи да се движи сам од една локација на друга.