8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Фински хотел на гостите им наплаќа според количината јаглерод диоксид која ја испуштиле додека престојувале

Kabtel desktop


Фински хотел ја менува туристичката индустрија така што докажува дека одржливоста навистина се исплатува. Кога гостите ќе трошат помалку енергија, ќе посетуваат локални еколошки активности и избираат одржливи продукти за јадење во текот на нивната посета, цената за нивниот престој може да се намали до 50%. Тоа значи дека додека истовремено ја штитат природата гостите во Arctic Blue Resort заштедуваат.

Се очекува хотелот да биде отворен во 2022 година, а ќе ја подигне свеста на посетителите за нашето влијание и штетата која луѓето и ја прават на планетата. Истовремено, ќе ги натера да се одлучат за поодржлив животен стил. Хотелот ќе биде лоциран во руралното гратче Контиолахти, кое е познато по своите пејзажи и богатиот екосистем од реки и делти.

Некои од „зелените“ избори кои може да ги направат гостите со цел да си ја намалат сметката е да бидат внимателни со трошењето на електричната енергија, да избираат што ќе јадат и колку вода пијат. Садењето, пак, дрво во блиската шума може да им намали 5% од сметката.

Arctic Blue Resort е дизајниран да биде самоодржлив, а ќе биде изграден од природни материјали, ќе има сопствен систем за третирање на отпадни води и ќе се напојува со енергија од одржливи извори. Гостите може да очекуваат ентериер кој ќе потсетува на природата, па може да избираат да престојуваат во апартмани со 360 степени поглед на шумата или да спијат со поглед на ѕвезденото небо и да уживаат во поларната светлина.

Arctic Blue Resort ќе соработува со локалните фармери за набавка на храна. Хотелското мени ќе биде одраз на сезонските плодови кои ги обезбедува чудесната финска селска природа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •