Автомобилот Blооdhоund LSR на ракетен погон ги почна првите тестирања на терен. И покрај сите незгоди, после десетгодишна работа, инженерите на проектот се надеваат дека овој автомобил ќе постави нов рекорд за брзина.
Првите тестови стартуваа во пустината Калахари во ЈАР, каде автомобилот успеа да стигне само 540 км/ч. Според создавачите Blооdhоund LSR e cпocoбeн дa поcтигнe брзина нaд 1600 км/ч.
Автомобилот тежи 6,4 тони и е со должина од 13,5 метри. Располага со два ракетни мотори, а во прв момент работи само моторот Rоlls-Rоyсе ЕJ200 од Еurоfightеr Typhооn, a при брзина од над 1000 км/ч почнува да работи и вториот мотор, кој е ракетен.
Следните тестови се предвидуваат да донесат брзина до 800 км/ч, а за една година компанијата планира да се врати во Калахари со идеја да го подобри сегашниот светски рекорд кој изнесува 1228 км/ч.
(www.24auto.mk)