Нова вакцина за туберколоза може да спаси милиони луѓе

- Advertisement -

Секоја година во светoт има 10 милиони нови случаи на туберколоза, која моментално е водечка причина за смрт од заразна болест ширум светот. Tој тренд може да се прекине дури и со делумно ефикасна вакцина. Новата експериментална вакцина досега има заштитено половина од луѓето кои ја примиле и тоа може да претставува пресвртница во борбата против туберколозата, најсмртоносната заразна болест во светот.

Иако има ефикасност од 50%, затоа што, на пример, вакцината против сипаници има 98% ефикасност, тоа сепак значи спасување на милиони животи. Секоја година 10 милиони луѓе во светот добиваат туберколоза, а 1,6 милиони умираат од таа болест.

- Advertisement -

Научниците кои не биле вклучени во развојот на новата вакцина ги поздравуваат најновите резултати за ефикасноста, но истакнуваат дека e потребно тестирање на различни популации. Според нив, вакцината дава надеж и веројатно е подобра од старата BCG вакцина, која постои еден век.

BCG ги штити децата од некои видови туберколоза, но не ги штити тинејџерите и возрасните од видот туберколоза кој ги напаѓа белите дробови, а кој е најчест тип. Пациентите заболени од туберколоза патат од треска и ноќно потење, губење на телесната тежина, искашлување крв и ако не се третираат, на крајот умираат.

- Advertisement -

Пред пет години туберколозата ја надмина СИДА-та како најсмртоносна заразна болест во светот. Новата вакцина, на која работи компанијата GSK и е позната под кратенката M72/AS01E, досега е тестирана на околу 3.300 возрасни луѓе во Кенија, Јужноафриканска Република и во Замбија. Сите тие имале латентна туберколоза, која може, но и не мора да напредува до стадиум нa активна туберколоза. Од тие кои добиле две дози од новата вакција во рок од еден месец, само 13 развиле активна туберколоза во текот на трите години додека траело тестирањето.

Експертите истакнуваат дека предноста на вакцинацијата во однос на превенцијата со антибиотици, кои се земаат секој ден во текот на еден месец, е тоа што кај вакцината не може да се развијат видови туберколоза отпорни на антибиотици, додека тоа е ризик кај третирањето со антибиотици.

Сподели!
- Advertisement -