Најпознатиот гејмер во светот објави книга со совети и трикови за играње видеоигри

- Advertisement -

Дваесет и осумгодишниот професионален играч на видеоигри Тајлер Блевинс, кој меѓу гејмерите е попознат под својот прекар Нинџа, тврди дека нема ништо штетно во видеоигрите и напротив, тие може да не научат на многу позитивни и корисни работи. Тајлер моментално е најпопуларниот и најплатениот професионален гејмер, а своето знаење и своите вештини ги сподели со своите обожаватели во книгата „Ninja: Get Good: My Ultimate Guide to Gaming“ .

Книгата е водич за сите почетини и искусни гејмери и содржи совети и трикови кои Нинџа ги научил низ годините. Книгата ја напишал со цел во неа да го собере сето тоа што тој би сакал да го знае кога почнал да се занимава со видеоигри. Во книгата може да се пронајдат вредни совети за тоа дали е подобра механичка или безжича тастатура, зошто добрата графичка картичка е подобра од добриот процесор, како да се научат добри потези и да се стане најдобар стрелец, како да се развие ефикасна стратегија за победа и уште многу други.

- Advertisement -

Тајлер развива и многу митови за компјутерската опрема, но и за самите компјутерски игри. Така, тој тврди дека видеоигрите немаат нужно лошо влијание на успехот на училиште, не поттикнуваат на насилство и не ги изолираат луѓето од друштвото. Всушност, Тајлер е голем заговорник за тимската работа и нагласува дека добрата екипа е клучна за успех. Исто така, ги поттикнува и останатите гејмери да изградат сопствена заедница и да тргнат во авантури.

Тајлер Белвинс достигна светска слава во 2018 година кога ја играше играта Fortnite, а моментално на Twitch, една од водечките гејмерски платформи, има околу 14 милиони следбеници, што го прави најпопуларниот професионален играч на видеоигри во светот. Благодарение на своите гејмерски вештини и популарноста Тајлер може да заработи 500.000 долари месечно само на Twitch, а дополнително заработува и преку својот Youtube канал и преку партнерства со спонзори од типот на Red Bull.

Сподели!
- Advertisement -