Huawei ќе гради 5G мрежа во Унгарија

- Advertisement -

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека кинеската компанија Huawei ќе учествува во изградбата на 5G мрежата во Унгарија. Сијарто истакна дека Huawei на тој проект ќе соработува со британски Vodafone и германски Deutsche Telekom. Додаде и дека Унгарија не прави разлика меѓу компаниите врз основа на земјата на потекло се додека ги почитуваат унгарските закони и прописи.

САД се обидоа да ги убедат сојузниците да ги избегнуваат Huawei затоа што сметаат дека изборот на оваа компанија претставува безбедносен ризик. Тоа била клучата тема на разговор во фавруари годинава на средбата на Сијарт со американскиот државен секретар Мајк Помпеа во Будимпешта.

- Advertisement -

Сепак, неколку месеци подоцна Сијарто истакна дека од стратешки и економски интерес за Унгарија е добрата соработка со Huawei, компанија која во Унгарија изгради еден од најголемите европски центри.

Сподели!
- Advertisement -