Mekdonalds ги заменува пластичните капачиња на чашите со растителни

- Advertisement -

Компанијата Mekdonalds најави сеопфатна програма со цел да се укине или да се намали упитребата на пластика, како и да се унапреди способноста за рециклирање на амбалажа ширум Европа.

Планот опфаќа укинување на капачињата за производите McFlurry во сите европски земји каде што постои и претставување на нови капачиња направени од влакна за сите ладни пијалаци во Франција, како и тестирање на разни пазари со цел пронаоѓање алтернатива за пластичните лажички, хартиени сламки со нов дизајн и програми кои вклучуваат враќање на играчките со оброците.

- Advertisement -

Тестирањата во однос на амбалажата се дел од глобалната платформа на Mekdonalds наречена „Bolji M“, чија цел е реализација на позитивни промени во заштитата на животната средина во рамките на одржливите амбалажи и синџирот за снабдување кога е во прашање рециклирањето, како и искуството на корисниците.

Сподели!
- Advertisement -