Американската компанија Air Protein ќе произведува месо од воздух

- Advertisement -

Создавањето месо од воздух звучи како магичен трик, но една американска компанија тврди дека ќе произведува месо со помош на протеини кои ќе ги синтетизира од воздухот кој го дишеме. Стартапот Air Protein од Беркли во Калифорнија најави производство на месо на база на воздух, односно производство на месо само од елементите кои може да се најдат во воздухот кој го дишеме.

Дали воопшто е возможно да се направи месо од воздух? На некој начин да, но за тој процес е потребна помош од посебни микроби. Оваа компанија користи едноставни микроорганизми познати како хидрогенотропи, кои јаглерод диоксидот го претвораат во протеин. Со други зборови, тие микроби имаат слична улога како растенијата затоа што стакленичкиот гас CO2 од воздухот го претвораат во храна.

- Advertisement -

Пробиотскиот производствен процес комбинира елементи од воздухот, како СО2, азот и кислород, со водата и минералните нутриенти за да се произведе протеин богат со хранливи состојки. Процесот е сличен на производството на пиво или јогурт, но се разликува по ферментацијата во која настануваат тие производи.

Протеинот добиен на овој начин нема вкус, но може да се додадат познати вкусови. Едно истражување на НАСА од 60-тите години од минатиот век послужило како инспирација за оваа компанија. НАСА во тој период барала начини да произведе храна за долгите вселенски мисии со ограничени ресурси, па дошле на идеја за систем во кој микробите го претвораат воздухот кој го дишеме во храна.

Сподели!
- Advertisement -