„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој
Верувам дека многумина ќе се согласат дека вработената млада модерна популација , без разлика дали се однесува на читање, он лајн едукација, консултација, факултет или учество на различни работни конференции , апсолутен императив е инвестирањето во нови знаења, како за сопствените така и на нашите колеги и тимови, затоа што со самото тоа директно влијаееме на подобри резултати на работното место.
Лично со учествување на различни конференции , било како учесник или како нивни предавач, за мене е најдраг облик на изучување, црпење на нови знаења и трендови, затоа што низ учење е овозможено дружење, забава, а со тоа и целосното доживување на едукацијата е различно.
Секогаш кога одите на конференција (или работилница, предавање) ви предлагам да се запрашате што воопшто ве поттикнало да се пријавите и да учевствувате на такво нешто? Некои од вас земале учевство затоа што „мораат“, односно шефот им наредил, но сепак, искрено се надевам дека кај повеќето од вас главна мотивација е можноста да научите нешто ново. И токму низ таа желба за изучување на нешто ново ние свесно, но и несвесно ја искажуваме потребата за промена, односно желбата за подобрување (или предизвикување) на нашата моментална и веќе постоечка состојба.
Дали таа промена , поттикната со учење ќе значи поместување на границите на нашето дотогашно размислување , изразување на нашите актуелни погледи и ставови на разни процеси, стратегии и нашето работење воопшто –ДА ќе придонесе! Предизвик е и не е баш лесно, но баш таков е излезот од комфорната зона , поради што и се учевствува на конференции, предавања и работилници. Да станеме подобри! да станеме најдобри!
Ќе ви предложам мала „домашна работа“, за следната конференција или предавање на кое ќе учествувате . Запаметете барем две идеи, две личности, два предлога или нови концепти, помеѓу многуте кои ќе ги слушнете, видите или почувствувате, а поради кои самите себеси ќе си кажете – и јас го сакам тоа, сакам да бидам таков, сакам да работам така!
Запишете ги највпечатливите две идеи и „земете ги со себе“ во секојдневниот живот, на работното место. Тие две идеи, тие два концепта се токму тоа што ќе ве направи подобри, најдобри во она што го работите.
Искористете ја максимално секоја конференција, секое предавање, секоја работилница, секој нетворкинг настан на кој ќе учествувате, запаметете ги и успешните и помалку успешните приказни и предавања затоа што не постои поквалитетен начин на едукација и учење од практичен пример, запознавајте се, дружете се, поврзувајте се и сигурен сум дека во мноштвото нови идеи, алатки, стратегии и концепти, ќе ги пронајдете баш тие два кои покрај останатото ќе ве подобрат и работно, но и лично!
Знаењето е моќ- уживајте во учењето целиот живот!