ВИДЕО: Се тестира нов уред кој возачите ќе ги предупредува на опасност на патот

- Advertisement -

Во Германија почна да се тестира интересен уред кој интерактвно ќе ги предупредува возачите на дивеч на патот (но и на домашни животни, односно крави, кози, овци…), односно покрај патот. За почетните тестирања е избрана токму есенва затоа што сега се најактивните елените и срните. Неретко преминуваат од шумата во која се сокриваат на некоја ливада каде што се хранат, па се посебно опасна комбинација кога од едната страна на патот има шума, а од другата страна има ливада.

Австриската компанија Animot разви едноставен, но ефикасен систем за деловите од патот каде што има најголема фреквенција на дивеч. Имено, на малите столбови покрај патот се инсталирани мали кутии со два клучни уреди. Едниот е сензор за движење, а другиот е визуелно предупредување. Ако сензорот детектира движење во делот крај патот, следува визуелно предупредување за возачот, односно палење и гаснење на сигнално светло кое ќе биде од особена корист посебно ноќе. Така може да се намали бројот а сообраќајни незгоди поради налетување на дивеч.

- Advertisement -

Уредот моментално се тестира во Баварија, а од Animot велат дека секој ден го усовршуваат.

Сподели!
- Advertisement -