НАСА откри дека подолгиот престој во вселената може да предизвика згрутчување на крвта и смрт

- Advertisement -

Сонот за испраќање на луѓе на Марс и колонизација на Црвената планета може да не се оствари откако едно ново истражување на НАСА откри дека кај астронауитите кои предолго престојуваат во вселената може да се сопре крвотокот во горниот дел од телото и дури крвта да тргне во обратен правец.

За едно патување до Марс луѓето ќе треба да се во вселенски брод до 8 месеци, а најголем дел од времето при нула гравитација. Истражувачите на НАСА анализирале 11 здрави астронаути кои поминале околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица. Тие откриле дека седуммина од нив покажувале знаци на забавен, дури и обратен крвоток во левиот дел од торзото, поточно во главниот крвен сад кој носи крв од мозокот.

- Advertisement -

Постои ризик дека тоа може да доведе до згрутчување на крвта, што може да биде фатално на една долгорочна мисија како што е Марс. Научниците се надеваат дека ова откритие ќе доведе до создавање нови третмани и интервенции за да може да се овозможи остварување на мисиите до Марс и до Месечината.

Едно од решенијата кои моментално се тестираат на Меѓународната вселенска станица е вакуумски костим за долниот дел од телото. Тој костим ја влече крвта од главата во долниот дел од телото и го симулира ефектот на гравитацијата врз човечкото тело на Земјата.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -