Илон Маск го претстави Cybertruck!

- Advertisement -

Неодамна Илон Маск го нарече нивниот пикап, кој тогаш уште не беше претставен, нивно најдобро возило досега, а вчера рано наутро и официјално го претстави Cybertruck. Футуристичкио ѕвер со агресивен дизајн е комбинација од Blade Runner и Mad Max и на прв поглед навистина ќе ве остави без зборови. Очигледно е дека Маск и дизајнерите на Teslа инвестирале многу време, труд и размислување за да нaправат возило кое изгледа толку добро.

Посебен акцент е ставен на материјалот за каросеријата, кој треба да овозможи максимална издржливост на возилото. Teslа Cybertruсk е речиси непробоен со каросерија од нерѓосувачки челик, на кој нема да се прават вдлабнатини како кај класичните автомобили. Каросеријата долгорочно е отпорна на корозија и на патниците им обезбедува максимална заштита.

- Advertisement -

Посебно беше интересна демонстрацијата на издржливоста на каросеријата и на стаклата. Каросеријата издржа удар со голем чекан, но стаклото беше разбиено при демонстрацијата. Маск се пошегува дека барем фрлената кугла не го пробила стаклото и да влезе во возилото, како и дека стаклото ќе се подобри.

- Advertisement -

Ќе бидат достапни три верзии од пикапот. Најевтината ќе има еден мотор и заден погон, а ќе забрзува до 96 км/ч за помалку од 6,5 секунди и со едно полнење на батеријата ќе поминува до 400 км. Втората верзија има два мотори и погон на сите тркала, до 96 км/ч ќе забрзува за помалку од 4,5 секунди, додека со едно полнење на батеријата ќе се помнуваат до 480 км.

Најинтересната верзија и воедно најскапата ќе има три мотори и погон на сите тркала. Тоа ќе биде вистински ѕвер кој ќе може да им парира на најмоќните спортски автомобили. До 96 км/ч ќе забрзува за помалку од 2,9 секунди, а максималниот досег со едно полнење на батеријата ќе биде 800 км.

- Advertisement -

Цената на основниот модел изнесува 39.900 долари, на моделот со два мотори е 49.900 долари, додека најскапиот Cybertruck ќе чини 69.900 долари.

Сподели!
- Advertisement -