Huawei им нуди милијарда долари на девелоперите за да развиваат и апликации и услуги

- Advertisement -

Иако Huawei доби уште едно продолжување на привремената дозвола со САД, која им овозможува на идните корисници да ги користат услугите на Google и тргување со одредени американски компании, кинескиот гигант не седи со скрстени раце туку се подогтвува за самостојна работа без американсктие компании.

Така, на неодамна одржаната конференција за девелопери Asia-Pacific Developer Day беше истакнато дека Huawei развива цела низа неопходни мобилни услуги кои се потребни за нивните апликации, а кои инаку им ги нуди Google.

- Advertisement -

Од компанијата истакнаа дека тие нови апликации ќе им овозможат на корисниците без никакви проблеми да ги користат паметните телефони на Huawei и без апликациите на Google, што веројатно ќе се случи ако не се постигне договор меѓу САД и Кина. Од Huawei открија дека уште сега можат да заменат 90% од услугите, односно апликациите на Google. Освен тоа, Huawei на девелоперите на почетокот на 2020 година ќе им обезбеди и користење на својот интерфејс. AppGallery моментално е третата најголема продавница за апликации во светот со околу 390 милиони корисници месечно.

Но, Huawei сака во AppGallery да се најдат што повеќе апликации и подготвени се да го платат тоа. Така, објавија дека издвоиле 1 милијарда долари за девелоперите кои прават апликации за системот на Huawei.

Сподели!
- Advertisement -