Бернар Арно стана вториот најбогат човек во светот

- Advertisement -

Францускиот магнат и извршен директор на луксузниот конгломерат LVMH, Бернар Арно, го претекна директорот на Microsoft, Бил Гејтс, на листата со најбогати луѓе во светот на магазинот Forbes и стана вториот најбогат човек на светот. Арно се наоѓа веднаш за основачот на Amazon, Џеф Безос, кој според листата е најбогат човек на планетата.

Нето-вредноста на богатството на Арно порасна за 2,7% на вкупно 107,6 милијарди долари. Нето-вредноста на Безос изнесува 110,5 милијарди долари, додека вредноста на Гејтс е 107 милијарди долари.

- Advertisement -

Арно, сепак, заостанува зад Безос и Гејтс според индексот на милијардери на Bloomberg, кој ја проценува неговата вреднист на 103 милијарди долари, додека богатството на Гејтс на 110 милијарди долари. Според Blооmberg, богатството на Арно надминало 100 милијарди долари во јуни годинава, за подоцна да го престигне Гејтс.

Арно контролира речиси половина од познатиот француски моден синџир, во кој освен Louis Vuitton, спаѓаат уште 70 светски познати брендови како Dom Pérignon, Henneshy, Moët & Chandon, Sephora, Céline, Dior, Fendi, Kenzo, Marc Jacobs и Bulgari. Сопственик е на францускиот весник Le Parisien, а во негова сопственост е и весникот „L`Echo“.

Сподели!
- Advertisement -