0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Хрватски Телеком и Include ја поставија првата паметна клупа со поддршка за 5G

Kabtel desktop

Пред седиштето на Хрватски Телеком во Загреб беше претставена првата 5G паметна клупа Monna City на компанијата Include. Клупата на граѓаните ќе им овозможи бесплатно спојување на интернет преку технологијата 5G на Хрватски Телеком во самиот центар на Загреб за да можат да ги испробаат предностите на мрежата од новата генерација.

Освен соларно напојување и ноќно осветлување, паметната клупа има и дополнително можности како полнење на електрични велосипеди, надзор над јавните површини преку напредни камери и дигитално огласување прекуЛЦД екран.

„Среќни сме што својот производ го надградивме со 5G технологија, која за неколку години ќе биде нов стандард за конектирање во светот. Горди сме што Хрватски Телеком ги препозна нашите паметни клупи како производ кој има додадена вредност во оваа доба на брзи технолошки промени. Со вградувањето на 5G технологија во нашата клупа ќе добиеме дополнителна предност на глобалниот пазар, а среќен сум што сите напредни функции на клупата први во светот ќе можат да ги испробаат нашите сограѓани“ изјави Иван Мрвош, основачот на Include.

Хрватската компанија Include минатата година беше прогласена за најбрзорастечка компанија во централна Европа во категоријата Rising Stars според изборот на Deloitte. За три години компанијата успешно инсталираше повеќе од 1.250 Steora паметни клупи на 49 глобални пазари во повеќе од 260 градови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •