Од каде потекнува изразот Црн петок (Black Friday)?

- Advertisement -

Петокот после Денот на благодарноста, кој се слави секој четврти четврток во ноември, се одбележува во САД, а сега практично и во целиот свет, како многу посебен ден кога сите полудуваат од шопинг. Милиони луѓе излегуваат на улица и ги преполнуваат трговските центри, интерент страниците се срушуваат и се соборуваат лани поставените рекорди на продажба.

Овој глобален феномен се нарекува Црн петок (Black Friday), но дали Црниот петок е изум на потрошувачкото општество, дали настанал во добата на онлајн шопинг или има постари корени?

- Advertisement -

Постојат неколку теории за потеклото на Црниот петок во САД. Една од првите, која веројатно е и најраспространета, но и веројатно целосно погрешна е дека е во врска со тргувањето со робови. Имено, трговците со црно робје ги намалувале цените после Денот на благодарноста поради надоаѓањето на зимската сезона.

Друга хипотеза, која е поверодостојна, е дека овој израз настанал во петок, 24 септември 1869 година кога двајца брокери од Волстрит, Џеј Гоулд и Џим Фиск, се обиделе да го монополизираат целиот пазар на злато во договор со познатиот политичар Бос Твид. Иако нивниот план не вродил со плод, изразот останал да се употребува. Тричлениот тандем се обидел да поткупи неколкумина политичари и чиновници на високи позиции, како и некои судии. Но, планот не успеал првично затоа што цената на златото паднала за неколку минути, а со неа и многу инвеститори, па затоа денот останал познат како Црн петок.

- Advertisement -

Изразот Црн петок се користел и еден век подоцна на средината на педесеттите години од минатиот век. Во сабота после Денот на благодарноста требало да се одигра натпревар во рагби во Филаделфија, главниот град на Пенсилванија . Градот бил во целосен колапс поради напливот од луѓе кои дошле заради натпреварот, но и за божиќен шопинг. Поради нередите и хаосот кој настанал, полицијата денот го нарекла Црн петок. Трговците од Филаделфија подоцна го користеле тој назив за да ги опишат реките од луѓе кои се собирале по градските продавници.

Изразот станува глобално популарен во 1966 година, а прв пат во печат се нашол во списанието The American Philatelist. Потоа се проширил по целата земја откако New York Times го употребил истиот израз во 1975 година со цел да опише проблем кој настанал во градот како резултат на попустите еден ден после Денот на благодарноста. Оттогаш тој термин само се проширува, а веќе во 21 век традицијата на купување се прошири во многу земји во светот.

Сподели!
- Advertisement -