Скопје го добива најубавиот кровен парк

- Advertisement -

Зелениот кров на ГТЦ официјално ќе биде отворен денес, пишува gradina.mk

Во услови на два обида за демолирање на кровот на ГТЦ, Градот не се откажа од активностите, и конечно денес зелениот кров ќе биде отворен.

- Advertisement -

Според плановите денес ќе бидат прикажани зазеленети 1.800 квадратни метри односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Според проектот засадени се 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. На овој простор има поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Тука ќе бидат поставени и првите вистински зелени ѕидови на јавна површина составени од живи растенија со автоматско наводнување. Нема дехидриран мов или вештачки растенија.

Сподели!
- Advertisement -