Tesla Cybertruck, иновативниот камионет на Илон Маск, дефинитивно ќе привлекува внимание додека се вози по улиците на најфутуристичкиот град на Обединетите Арапски Емирати. Од Hyperloop, до Volocopter, до гаџети за пожарникарите, Дубаи дефинитивно не се плаши да експериментира со нови технологии.
Полицијата на Дубаи напиша објава на Twitter со фотографија од Tesla Cybertruck прекриен со амблемите и боите на земјата. Почнувајќи од идната година овој најнов изум на Илон Маск ќе стане дел од флотата на суперавтомобили на Дубаи. Меѓу другите, Дубаи може да се пофали со Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador и Porsche 918 Spyder.
Како што велат од полицијата, камионетите ќе се користат за да се зголеми присуството на полицијата на најпрометните точки за туристите како што се кулите Бурџ Калифа и плажата Џумеира. Ова е голем успех за Маск со оглед на тоа дека тукушто го претстави новиот камионет минатата недела. Маск го најави возилото како електрична верзија на американскиот пикап.