НАСА тестира ровер кој ќе ги истражува океаните на другите светови од Сончевиот систем

- Advertisement -

Не се сите ровери направени за истражување на површините на други светови, како што е површината на Марс. Барем еден ровер е подводен, а тој ровер е потребeн за истражување на Енцеладус, на Европа и на другите водени светови од Сончевиот систем. Тој ровер се вика Buoyant Rover for Under-Ice Exploration или скратено BRUIE.

Не станува збор за пловило од типот на подморница. Неговиот дизајн е поинаков со тркала со кои вози наопаку по дното на ледената кора под површината на водата. Дизајниран е да лебди, што во принцип значи дека способноста за лебдење цело време го држи прилепен за дното на ледената кора под површината на водата, исто како што гравитацијата ги држи прилепени класичните ровери за тлото.

- Advertisement -

BRUIE моментално се наоѓа на Антарктикот во австралиската истражувачка станица Casey. Во текот на декември научниците тој ровер ќе го тестираат до крајните граници за да откријат колку е издржлив. Неговата идна мисија надвор од Земјата веројатно ќе биде месечината Европа на планетата Јупитер.

Тестирањата ќе се фокусираат на деловите каде што се допираат ледот и морето, односно на делот непосредно одоколу. На Земјата има најголема концентрација на подводен живот токму на тие делови, а научниците воедно ќе можат да откријат и топографски занимливости за долниот дел од ледената кора и начинот на кој се формира.

- Advertisement -

Научниците на НАСА, чиј проект е роверот BRUIE, веруваат дека тој е најдобра шанса за потрага по вонземски облици на живот токму во лунарните океани на сончевиот систем.

BRUIE е долг еден метар, има две тркала, има светла, камери и комуникациска опрема. Може да носи и одредени научни инструменти, кои ќе се додадат подоцна ако поминат добро иницијалните тестирања. Океанот на месечината Европа се наоѓа под масивна ледена кора, која наместа може да биде дебела 30 км.

Сподели!
- Advertisement -