Човекот заслужен за изгледот на iPhone го напушти Apple

- Advertisement -

Главниот човек за индустрискиот дизајн на Apple, Џон Ајви, кој уште во јуни годинава најави дека го напушта технолошкиот гигант и стартува своја фирма, беше отстранет од официјалната страница со вработени во компанијата. Американскитте медиуми пишуваат дека Ајви дефинитивно повеќе не е дел од тимот на Apple.

Ајви се приклучил на компанијата во 1992 година, а станал дел од дизајнерскиот тим во 1996 година. Тој е еден од најважните луѓе во компанијата и најзаслужен за дизајнот и изгледот на производите на Apple како iPhone и Mac. Тој во јуни најави дека ја стартува својата компанија LoveFrom, но и дека ќе продолжи да се занимава со дизајн за Apple и за други клиенти.

Сподели!
- Advertisement -