Huawei инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Huawei во текот на наредните пет години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на заедница која брои 200.000 програмери, 500 независни производители на софтвер и 50 истражувачки институти и универзитети, најави Џионг Јихуи од Одделот за интелигентна компјутерска технологија.

Јихуи откри дека оваа инвестиција е дел од стратегијата на Huawei за поголеми инвестиции во основни истражувања за да се развие интегриран екосистем за решенија базирани на технологија за вештачка интелигенција во Европа.

- Advertisement -

Целосното AI решение на Huawei вклучува AI процеосри Acend, компјутерска архитектура на нуронски мрежи (CANN), компјутерска рамка MindSpore AI и ModelArts. Сите тие решенија работат со Atlas производи за тренинг и учење.

Huawei ги дефинираше и полињата каде што сака да го поттикне развојот на решенија, а тоа се индустријата за транспорт, енергетика и финансии. Што се однесува на соработката со универзитети и истражувачки институти, фокусот на компанијата е на поттикнување развој на решенија во сегментот роботика, класификација на слики, откривање сегментација, супер резолуција итн. Кај соработката со програмерите, фокусот е ставен на интелигентна инспекција на далноводи, оптичко препознавање на знаци, роботизирани раце за селектирање отпад итн.

Сподели!
- Advertisement -