Сите вработени во светот имаат приговори на својата работа – не се доволно платени, работат премногу и постојано се ненаспани. Еден индиски стартап ќе ги побие овие приговори со својата понуда – тој нуди плата за спиење. Wakefit е стартап кој се занимава со здраво спиење и одмор, односно со душеци кои го овозможуваат тоа. Таа компанија бара почетници кои би спиеле на работа осум часа во текот на 100 дена.
За оваа „тешка работа“ компанијата дава околу 1.300 евра, а најдобро од се е што тоа ќе се одвива дома, односно не мора да се патува до работа и назад. Според пропозициите, идеални кандидати се оние кои се чувствуваат пријатно во средината каде што живеат и можат да смислат и да предложат стратегии со кои тие и останатите членови од семејството ќе заспијат што подлабоко и ќе спијат што подолго.
Ако успејат да ја докажат својата љубов за удобното излежување, мирната околина, попладневниот одмор и љубовта кон својот топол дом, тие карактеристики посебно ќе се вреднуваат. Основното барање за добро заршена работа е фанатичната желба и способноста да заспијат каде било и во кое било време.
Од кандидатите се очекува уште нешто – да сакаат да останат по цел ден во пижами. Секако, еден од условите кои мора да ги исполнат е да не претеруваат со гледање телевизија и серии, а не е дозволено и користење компјутер во текот на „работното време“. Предност имаат луѓето кои многу вешто игнорираат пораки и нотификации на телефон, а исклучени се оние они хрчат.
Целта на сето тоа е следење на спиењето на новата линија душеци која ја направи стартапот. Не само што ќе се следи сонот, длабочината на сонот и квалитетот пред и после новиот производ, туку ќе се нудат и совети за оние кои имаат проблеми со спиењето.
Wakefit е компанија која во Индија, па и во светот веќе постави предлог во канцелариите да се уредат простории за брз попладневен одмор, односно кратко спиење после ручек, затоа што истражувањето кое го спровеле покажало дека 86% од Индијците веруваат дека би биле попродуктивни после таков краток одмор.