2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

Производителот на гуми Pirelli прави гуми кои може да се конектираат на 5G мрежа

Kabtel desktop

Интернетот на нештата го доживува својот процут како што ултрабрзата 5G мрежа ја отвора комуникацијата меѓу се што гледаме околу нас – од тостерот до пејсмејкерот, од фрижидерот до облеката што ја носиме. Така се создава една дигитална утопија во која се „разговара“ меѓусебе. Ако производителот на автомобилски гуми Pirelli успее во својот план, и автомобилските гуми ќе станат паметни и ќе „разговараат“ не само со вашиот автомобил, туку и со други автомобили и со патната инфраструктура.

Сега прашањето е за што може да „разговараат“ гумите. Е па првата автомобисла гума во светот со опција за поврзување на 5G, Pirelli Cyber Tire, има сензор, процесор и диск за комуникација што е со големина на средна монета. Тие се вградени во гумите и имаат за цел постојано да следат повеќе променливи како притисокот во гумите, температурата во гумите, забрзувањето по оските и споспобноста да почуствуваат вода и мраз на патот.

Cyber Tire потоа тие информации ги испраќа до автомобилот, заедно со предупредувања од типот на „Патот пред нас е влажен“ или „Детектирам мраз на патот“ или „Автомобилот е претоварен“. Од Pirelli размислуваат да воведат и предупредувања за прилагодување на брзината на условите на патот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •