Благодарение на Google, децата можат да го следат Дедо Мраз и истовремено да учат да кодираат

- Advertisement -


Google традиционално секоја година во декември го отвора својот Santa Tracker – страница наменета за децата и нивните родители, која преку забава и учење ќе им го олесни очекувањето на Дедо Мраз и Божиќ..

Така, децата на страницата можат да играат разни забавни игри, да читаат приказни, да гледаат цртани филмови, но и да учат да кодираат на едноставен интерфејс прилагоден на нив.

- Advertisement -

Децата можат да научат и разни празнични обичаи од целиот свет и како на различни јазици да честитаат Божиќ и Нова година.

На католички Бадник почнува најинтересниот дел од проектот. Сите можат на своите компјутери или смартфони да следат што прави Дедо Мраз и каде се наоѓа, како и како доставува подароци во целиот свет.

- Advertisement -

Проверете и самите што се случува на Santa Tracker.

Сподели!
- Advertisement -