Google работи на нова опција за апликацијата Google Maps, која ќе ја зголеми безбедноста на кориснциите. Станува збор за функција која ќе ги нагласи добро осветелните улици кога корисникот оди пеш. Таа функција е откриена во бета верзијата на Google Maps, што укажува на тоа дека ќе биде достапна за кориснциите.
Google Maps ќе ги нагласи добро осветелните улици со жолта боја, па корисниците ќе можат да ги избегнуваат тие кои се послабо осветлени. Ова е мал чекор напред за Google Maps, но многумина веруваат дека ќе ја зголеми безбедноста на корисниците. Засега не е познато кога ќе биде достапна за корисниците новата функција, а не се знае ни како Google ќе ги собере информациите за осветлувањето на улиците и дали редовно ќе ги ажурира.