Orbico отвора логистички центар во Софија вреден 26,5 милиони евра

- Advertisement -

Групацијата Orbico вбо сопственост на Бранко Роглиќ минатата недела ја започна изградбата на нивниот најголем логистички центар досега. Проектот се наоѓа во Софија, ќе чини 26,5 милиони евра и моментално е најгилемата странска инвестиција во Бугарија. Проектот е интересен и поради моделот на финансирање затоа што нема да влијае на задолженоста на Orbicо. Центарот го гради девелоперската компанија Cordeel Bugarska, локална единица на белгиската, а планирано е да се заврши за година и пол. Според Роглиќ, во центарот наемот ќе биде на минимум 10 години, па така и ќе се исплати инвестицијата.

„Од нас зависи дали ќе го продолжиме наемот или ќе го преземеме центарот. Овој модел е идеален за големи системи, има разни погодности. Меѓу другото, тоа се се изведува според нашите барања, а не ни ја зголемува задолженоста. Центарот ќе биде целосно автоматизиран. Тоа се однесува и на B2B и на B2C сегментот” вели Роглиќ.

- Advertisement -

Бидејќи првпат се остварува соработка меѓу Orbicо, Бугарија, Белгија и Хрватска, минатата недела првите лопати ги фрлија заменик-премиерот на Бугарија,Томислав Дончев; сопственикот на Cordeel, Дирк Кордеел; белгискиот амбасадор Франсоа Бантан, хрватската амбасадорка Јасна Огњановац и генералниот директор на Cordeel во Бугарија, Владимир Андреев.

Сподели!
- Advertisement -