САД и Кина меѓусебно си ги откажуваат авионските летови

- Advertisement -

Американската влада соопшти дека ќе суспендира 44 лета за Кина, кои ги спроведуваат четити кинески компании, како одговор на истиот потегот од Пекинг и загриженоста поради ковид.
Откажувањето на летовите започнува на 30 јануари со летпт Лос Анѓелес-Шијамен и че трае до 29 март. Со оваа одлуја ќе бидат погодени компаниите Ѓијамен, Ер Лајна, Чајна садерн ерлајнс и Чајна истер ерлајнс, пренесува Гласот на Америка (VOA).

Oд 31 декември кинеските власти суспендираа десетина летпви на американските компании Американ Ерлајнс и Делта затоа пто патниците беа ковид позитивни.

- Advertisement -

Лиу Пенгју, портпарол на кинескаат амбасада во САД рече дека политиката за влез во Кина е иста и за кинеските и за странските државјани и потегот на САД го оцени како неразумен.

Здружението кое ги претставува трите оштетени американски авио-компании соопшти дека ја поддржува одлуката на САД да обезбеди еднаков третман на американските компании на кинескиот пазар.

- Advertisement -

Секретеријатот за сообраќај најави дека ќе се преземат дополнителни мерки ако Кина продолжи да отјажува уште летови. Инаку, бројот на откажани американски летови за Кона почна да расте од декември минатата година поради големиот број заразени со омикрон во САД.

Пекинг и Вашингтон се спорат околиу авио-сообраќајот од почетокот на пандемијата. Минатата година Секретеријатот за сообраќај дозволи само еден лет неделно и тоа до 40% исполнетост на капацитет затоа што Пекинг претходно воведе иста мерка за американските компании.

- Advertisement -

Пред најновите откажувања, три американски и четири кинески авио-компаниии летаа околу 20 пати неделно меѓу двете земји па пред пандемијата имаа околу 100 летови неделно, додава VOA.

Сподели!
- Advertisement -