Најмладата премиерка во светот сака да ја скрати работната недела во Финска

- Advertisement -

Финската премиерка, Сана Марин, која е најмлад член на некоја европска влада, е позната како поборник за кратката работна недела. Додека била министерска за транспорт и комуникации во август годинва таа и посочила на нејзината партија дека треба да размислат за скратената работна недела.

Четиридневната работна недела, работниот ден од шест часа. Зошто тоа да не може да биде чекор напред. Дали работното место од осум часа навистина е ултиматива вистина? Мислам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со тие што ги сакаат, да имаат време за хобија и други апсекти од животот како што е културата. Тоа може да биде следен чекор за нас“ вели Марин.

- Advertisement -

Меѓутоа нејзиниот предлог не го прифати опозицијата, повикувајќи се на тоа што Истражувачкиот институт за финска економија го потенцираше продолжувањето на работното време како најефикасна мерка за унапредување на конкурентноста последните години.
Институтот објави дека 24-часовното зголемување на работното време има 4% влијание на вработеноста според уште актуелниот пакт за конкурентност. Прилагодувањето на работното време ја промовира вработеноста и конкурентноста на трудот, ги намалува трошоците и/или ја зголемува продуктивноста, велат оттаму.

Нивната теза е дека луѓето не би добиле ништо ако се намали нивната заработка. Тоа значи дека проектот би бил изводлив само ако заработката остане иста. Од друга страна, тоа би ги зголемило трошоците на работодавачите до невозможни суми.

Сподели!
- Advertisement -