Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

- Advertisement -

Како што се ближат божиќните празници, така се зголемуваат и гужвите во продавниците, особено за време на викендите, кога се искористува слободното време за купување подароци за најдрагите личности. Целиот процес на чекање во ред, интеракцијата со продавачите и плаќањето може да трае долго и да биде заморно, особено денес, кога речиси воопшто немаме слеободно време. Но, решение за овие проблеми постои и можеби наскоро ќе биде достапно и на Балканот.

Тоа решение не е идеално затоа што иако ќе се забрза купувањето, ќе резултира со бројни откази. Станува збор за продавниците на Amazon во кои нема да има каси, туку купувачите сами ќе го земаат тоа што им треба и ќе си излезат од продавницата. Благодарение на бројните сензори, компјутерскиот вид и камерите се што ќе стават купуваќите во корпа се следи и се бележи и кога ќе ја напуштат продавницата, ќе им биде наплатено.

- Advertisement -

При влезот во продавница ќе треба да се регистрирате со сметка на Amazon за софтверот да знае за кого се работи и од која сметка на крајот треба да земе пари. Продавниците Amazon Go моментално се достапни во неколку американски градови. До 2021 година Amazon планира да отвори околу 3.000 такви продавници, а се чини дека Џеф Безос планира дел од тие продавници да бидат во Европа.

Според весникот The Telegraph, компанијата моментално бара соодветен простор во Оксфорд Циркус во Лондон и тоа би требало да биде главната продавница на Amazon во Велика Британија. Безос и Amazon моментално се во фаза на демонстрирање на својата технологија и веќе докажаа дека нивиот концепт е успешен, што значи дека наскоро може да преминат во фаза на отворање нови продавници.

- Advertisement -

Освен САД и веројатно Велика Британија, продавници без каси во наредните три години ќе се отворат и во други држави.

Сподели!
- Advertisement -