Боулдер е американски град кој создава нула отпад

- Advertisement -

Ова е градот Боулдер во Колорадо, САД, кој е лидер во САД по креирањето нула отпад. Кутиите за рециклирање сега може да се видат во многу градови во САД, но во Боулдер се собира и отпадот од храна, за да не заврши на депонија и од него се прави компост.

Низ градот не можете да видите корпи за отпадоци кои стојат сами, туку секоја корпа има и дел за компост и дел за рециклирање, па на тој начин таквиот отпад воопшто не стигнува на депонија.

- Advertisement -

Најбитно за намалување на отпадот не е да се зголеми рециклирањето, туку да се намали создавањето отпад. Боулдер создаде посебни такси за пластични кеси за да се намали бројот на кеси кои може да се видат по улиците.

Компанијата Eco-Cycle рециклира производи кои се тешки за рециклирање како што се душеците или тоалетите. The Resource Yard собира употребени градежни материјали кои потоа ќе ги реупотреби.

- Advertisement -

Во Боулдер има повеќе бизниси кои создаваат нула отпад. Refill Revolution е таков бизнис, каде што жителите можат да ги наполнат празните реупотребливи садови со производи. Vessel Free е друг таков бизнис кој локалните кафулиња ги снабдува со реупотребливи чаши за доставување до дома. Потоа жителите можат тие чаши да ги вратат назад во некој од контејнерите што се поставени по целиот град.

Боулдер има план да генерира нови материјали од 85% од отпадот што го создаваат до 2025 година за ништо од тоа да не стигне до депонија. Имаат долг пат пред себе, но вложуваат максимални напори за да создаваат нула отпад.

How to Run a Zero Waste City ♻️

This city is leading the U.S. in Zero Waste! ♻️Co-produced with Rob Greenfield

Posted by The Story of Stuff Project on Понеделник, 16 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -