Во иднина продавниците ќе доаѓаат до нас наместо ние да одиме до нив

- Advertisement -

Robomart е првата роботизирана продавница-автомобил во светот која ви овозможува да купувате од удобноста на вашиот дом, но не онлајн, туку во живо. Купувањето поефикасно значи достапност, леснотија на користење, пристапни цени и брзина. Токму сето тоа го нуди Robomart, која е првата роботизирана продавница која ја повикувате со пристискање на копче и ви доаѓа дома.

70% од сите патувања до продавница се за купување помалку од 10 производи. Трошиме скапоцено време на одење до маркет. Доставувањето производи до дома имаше за цел да го направи шопингот попрактичен, а сепак само 3% од продуктите се продаваат онлајн. Со децении во минатото корисниците ги добивале производите како зелечнук и млеко доставени до врата, па сега е време да се вратиме на таа пракса.

- Advertisement -

Компанијата Robomart е основана во 2017 година од страна на Али Ахмед, Тигран Шавериан и Емад Рахим, сериски претприемачи со големо искуство на полето на доставата, роботиката и малопродажбата.

Self-driving Grocery Store

Imagine a world where the store comes to you.

Posted by Startup Selfie on Сабота, 21 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -