Фајнанс тинк: Светилките покажуваат какви плати се исплаќаат во Македонија

- Advertisement -

На сателитската снимка може да се види најголема концентрација на запалени светилки во Скопскиот регион, додека некои од останатите седум региони се речиси целосно во темнина.

Институт за економски истражувања и политики Фајнанс тинк направи интересен инфографик за регионалниот развој на земјава поврзан со тоа колку ноќе се осветлени центрите на овие региони. Истражувањето е направено со снимка од сателите а главна теза е дека колку повеќе светилки светат навечер во некој регион толку тој регион е поразвиен а неговите жители земаат повисоки плати.

- Advertisement -

– Регионалните диспаритети може да се оценат и преку концентрацијата на ноќните светла снимени од сателит. Концентрацијата на ноќните светла е апроклсимација на интензитетот на економска активност. Просечната плата е повисока во регионите со повеќе светла – велат од Фајнанс тинк.

На сателитската снимка може да се види најголема концентрација на запалени светилки во Скопскиот регион, додека некои од останатите седум региони се речиси целосно во темнина.

Сподели!
- Advertisement -