Huawei до крајот на 2019 година може да замени некои од клучните апликации на Google со сво. Добро е познато дека кинескиот производител на електроника наголемо работи на својот оперативен систем и на зајакнување на екосистемот, но цело време држеше по малку отворена врата за повторна соработка со Google.
Како што поминува времето Huawei сфати дека сепак мора да се потпре сам на себе. Затоа почнаа интензивно да ги поттикнуваат девелоперите да развиваат апликации во рамките на Huawei Media Services. Според ET Telecom, Huawei ги поттикнува индиските девелопери да развиваат алтернативи на најпопуларните апликации на Google како што се YouTube, Drive, Gmail, Maps и многу други.
Но, она што изненадува е најавата дека таквите апликации ќе се појават при крајот на декември. Директорот на Huawei и Honor India, Чарлс Пенг, истакна за крајните корисници Charles Peng, истакна дека за крајните корисници нема да има никакви забележителни разлики меѓу аликациите во на Google и на Huawei.
За да го остварат тоа Huawei на девелоперите им понуди парични награди, па станува збир за до 17.000 долари за програмерите кои се спремни да ги интегрираат своите апликации во Huawei Media Services за да добијат изглед и корисничко искуство како кај телефоните со Android.
Многу набрзо ќе видиме дали Huawei навистина во 2020 година ќе влезе со свои верзии на најпопуларните апликации, но сигурно дека во Кина не препуштаат ништо на случајност и апликациите на Huawei може ќе ги видиме во пракса на следниот телефон на Huawei, P40, кој би требало да се појави во март 2020 година.