Луксузниот хотелски синџир Hilton најави отворање на 700 работни места за работа од дома

- Advertisement -

Хотелската компанија Hilton неодамна најави отворање на дури 700 нови работни места со полно работно време за работа од дома, со што значително ја прошируваат својата програма за кариера на далечина и флексибилните можности за работа ширум САД.

Новите работни места од дома се отвораат во рамките на тимот Hilton Reservations и грижа за корисници(HRCC). Работниците од дома ќе имаат исти права како и останатите вработени, вклучувајќи и можности за раст и напредување во кариерата.

- Advertisement -

Ова се работни места во САД, но со оглед на денешните технологии и можностите кои ги нудат, може да се реализират од кој било дел на светот. Флексибилните форми на работа ги земаат предвид индивидуалните потреби на работниците и на работодавците. Денес се вообичаени ситуации во кои работникот од работодавецот бара флексибилност во работата за да го усогласи приватниот живот со работата.

Работодавачите исто така често излегуваат во пресрет на работниците затоа што освен што на тој начин ја задржуваат стручната работна сила, создаваат и мотивирачка атмосфера во која работнциите се поефикасни, а доколку тоа е постојано, се намалуваат и трошоците за најмување простор и транспорт на работниците.

- Advertisement -

Одделни европски земји имаат и поинаква флексибилност како работно време усогласено со престојот на децата во училиште, работа кога нема училишни празници, работно време кое значи работење кога е шпицот во некоја работа, работно време кое зависи од тоа кога работникот е расположен да работи, работа во прераспределено работно време итн.

Сподели!
- Advertisement -