Научници открија шест необични планети кои испаруваат

- Advertisement -

Астрономите постојано трагаат по нови планети, ѕвезди или други небесни тела. Користат различни методи и техники за да ги откријат и да ги идентификуваат и најоддалечените планети. А дека новите методи може да бидат и тоа како успешни покажува откритието на дури шест необилни планети кои неодамна ги открија научниците.

Имено, научниците бараат ѕвезди опкружени со облаци затоа што во низ се сокриваат планети кои кружат многу блиску до ѕвездите и полека испаруваат од топлината. Така, група астрономи од Универзитетот Опен откри три такви ѕвезди и во нивните облаци откри егзопланети.

- Advertisement -

Анализата на гасот кој настанува со изпраување на егзопланетите им покажува на научниците многу за самиот состав и структурата на егзопланетите. Три од шесте новооткриени планети се камени супер-Земји, односно поголеми од нашата Земја, но помали од Нептун.

Посебно е интересно откритието за третата ѕвезда. Имено, во нејзината орбита пронашле планета која е 2,6 пати поголема од Земјата, околу која се движи уште една ѕвезда. Тоа ги изненадило научниците затоа што не очекувале да наидат на бинарен ѕвезден состав.

- Advertisement -

Ова откритие уште повеќе ги поттикна астрономите да ги анализираат гасовитите облаци во длабоката вселена. Којзнае, можеби во некој од тие облаци се крие нешто уште поинтересно.

Сподели!
- Advertisement -