Американската војска развива чизми кои генерираат енергија при одење

- Advertisement -

Американската војска тестира два електронски системи за обувки кои овозможуваат следење на локацијата на војниците и напојување на сензори со енергијата создаден при одење.

Компанијата Robotic Research LLC од американската војска доби договор вреден 16,5 милиони долари за систем за следење кој се поставува во чизмите и овозможува следење на војниците дури и во предели кои не се покриени GPS сигнал.

- Advertisement -

Тој GPS без GPS користи целосно нов вид сензори со безжични предаватели кои се напојуваат со енергија од системот за генерирање енергија при одењето кој го разви центарот C5ISR на американската војска. Во суштина, станува збор за патентирани влошки за чизми и чевли кои содржат механизам за генерирање доволно струја за работа на системите за следење на војниците.

Освен влошки за чизми, C5ISR развива и други преносни генератори. Еден таков систем се наоѓа во војничкиот ранец и создава енергија при движење, а друг е вграден во војничките панталони во вид на егзоскелет и генерира енергија при свиткувањето на колената. Дополнителен бенефит од тој систем е што на војниците им го олеснува одењето при долгите маршеви или опуштање на колената додека истовремено создава енергија.

Сподели!
- Advertisement -