Американската астронаутка Кристина Коук влезе во историјата откако постави нов рекорд како жена која најдолго минала во вселената. Кристина, заклучно со саботата, во вселената на Меѓународната вселенска станица мина вкупно 288 дена. Таа е планирано да се врати во февруари наредната година. Со тоа ќе помине рамно 300 дена.
Досегашниот рекорд како жена со најдолг престој во вселената го имала Пеги Витсон, која била командир во Меѓународната вселенска станица. Коукова во текот на досегашниот престој во станицата имала вкупно четири прошетки во отворената вселена.
Таа на 12 октомври влегла во историјата како првата жена која прошетала во вселената, со нејзината пријателка Џесика Мер. До денес, вкупно 15 астронаутки направиле прошетка во вселената, но секогаш биле во придружба со машки колеги. Кај мажите, рекордот со најдолг престој во вселената го држи Марк Кели, кој на станицата минал 438 дена.