Луѓето кои се грижат за другите чувствуваат помалку болка од тие кои се себични

- Advertisement -

Луѓето кои повеќе се грижат за другите и за тоа дали се добри чувствуваат помалку болка отколку тие кои не се толку фини, тврдат истражувачите. Научници од Универзитетот Пекинг во Кина ги скенирале мозоците на повеќе од 280 луѓе во рамките на две студии за алтруистичкото однесување и нивото на болка.

Тие откриле дека делот од мозокот кој е одговорен за чувството на болка исто така е одговорен и за несебичното однесување. Експертите со векови нагаѓаат зошто луѓето им помагаат на другите иако немаат никаков бенефит за себе. Тимот од Пекинг успеа да докаже дека ако се однесуваме алтруистички во физички загрозувачки ситуации може да ни ја намали болката што ја чувствуваме.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека алтруистичкото однесување се цени уште од праисторијата, а тие сакале само да откријат каков бенефит имаат луѓето кои се однесуваат несебично во споредба со посебичните. Новото откритие ќе помогне подобро да се разберат процесите кои се кријат зад човечкото социјално однесување и справувањето со болката, тврди тимот.

Истражувањето покажало дека алтруизмот не само што помага да се намали физичката болка кај здравите возрасни поединци, туку помага и да се намали болката кај хронично болните од канцер. Со магнетна резонанца тие покажале дека која некој прави аструистички дела деловите од мозокот одоговорни за чувството на болка се намалуваат при некој болен шок во споредба со истите делови од мозокот кај некој кој не прави алтруистички дела.

- Advertisement -

Тимот вели и дека емпириските докази покажуваат дека човечкиот алтруизам се засилува во време на некоја криза како што се земјотресите.

Сподели!
- Advertisement -