- Advertisement -
Главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук минатата година заработил 11,6 милиони долари, што е намалување од 15,7 милиони американски долари во 2018 година, поради пониските финансиски перформанси на компанијата.
Основната плата на шефот на технолошкиот гигант се искачи до 3 милиони долари годишно, плус бонуси и различни компензации, покажуваат документите од берзата во САД.
- Advertisement -
Во фискалната 2018 година, Кук доби бонус од 12 милиони долари, бидејќи неговата компанија исполни за 200 проценти целите за обрт и оперативни профитни цели. За 2019 година, „Епл“ објави нето приход од 260 милијарди долари и скоро 64 милијарди долари оперативен профит.
- Advertisement -