Претседателот на Венецуела сака Божиќ да го слават три месеци поранo

- Advertisement -

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро најави дека Божиќ во таа земја славењето ќе започне три месеци порано – веќе на 1 октомври. Венецуелците се на улица од јули, кога Мадуро по трет пат беше избран за претседател и покрај сомневањата за валидноста на резултатите. Додека апси илјадници противници и демонстранти, Мадуро размислува и за празници.

„Само септември е, а веќе мириса на Божиќ. Затоа оваа година, како благодарност до сите вас, прогласувам ран Божиќ на м1 октомври“, рече 61-годишниот политичар, поранешен возач на автобус, во својата неделна ТВ емисија. Во вторникот, Венецуелската епископска конференција ја критикуваше најавата, предупредувајќи дека празникот „не смее да се користи за политички и пропагандни цели“, пренесува Sky News.

- Advertisement -

Канцеларискиот работник Хозе Ернесто Руиз (57) не е воодушевен од одлуката на претседателот.

„Божиќ треба да биде време на радост, семејство, обединување и подароци, но како да веруваме во ран Божиќ без пари и среде политичка криза“, праша тој.

- Advertisement -

На ист начин размислува и 39-годишната Инес Кеведо, секретарка и мајка на две деца. Таа не е убедена дека ќе има зголемување на платите, ниту дека владата ќе го исплати агиналдото, традиционалниот божиќен бонус што им се исплаќа на работниците на крајот на годината.

„Сите сме загрижени како ќе ставиме храна на масата, ќе платиме автобус и ќе ги испратиме децата на училиште“, додаде таа.

- Advertisement -

Минималната плата во Венецуела не е променета од 2022 година и изнесува 130 боливари, односно 3,2 евра. месечно. Претседателот Мадуро веќе се обиде да ги развесели жителите, прогласувајќи ран Божиќ за време на пандемијата на Ковид, но никогаш на почетокот на годината. И покрај тензичното расположение во земјава, тој тврди дека празниците ќе донесат „мир, среќа и сигурност“. Само неколку часа пред објавата на претседателот беше издаден налог за апсење на Едмунд Гонзалес, главниот политички противник на Мадуро, чија партија, за разлика од претседателот, објави докази дека собрала најголем број гласови по изборите во мај.

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -