Во пожарите во Австралија настрадале 480 милиони животни

- Advertisement -

Се проценува дека во кататстрофалните пожари кои ја пустошат Австралија настрадале 480 милиони животни, цицачи, птици и влекачи, објави Би-Би-Си.

Експертите се загрижени дека некои растителни и животински видови би можеле да исчезнат. Проценето е дека на три милиони хектари во Нов Јужен Велс, колку што изгореле пред десетина дена, дури 480 милиони цицачи птици и влекачи биле зафатени од пожарот.

- Advertisement -

Настрадале дури 8.000 коали, што е третина од овие животни чиј дом е Австралија. Најголеми шанси за преживување имаат кенгурите, бидејќи се големи и брзи, додека коалите се најзагрозени бидејќи се мали и бавни.

Тие се хранат со лисја од еукалиптус кој содржи лесно запалливо масло, па поради тоа се дополнително загрозени.

- Advertisement -

Австралиското министерство за животна средина кажа дека точните бројки на настраданите животни нема да се знаат сѐ додека пожарите не се смират.

(Фото – Ројтерс)

Сподели!
- Advertisement -