Можете ли да издржите цел ден без паметен телефон? Испробајте го „хартиениот телефон“

- Advertisement -

Денес е речиси невозможно да замислиме еден ден без паметен телефон затоа што го користиме речиси за се – од телефонирање и допишување, до информирање и онлајн плаќање. Во просек секој ден погледнуваме во екранот на телефонот околу 80 пати (некои и повеќе пати), од кои голем дел е затоа што ни е досадно и не знаеме што да правиме со рацете.

Но, што кога некој би не предизвикал да поминеме еден ден без паметен телефон? Би издржале ли? Или ако едноставно сакаме да се одмориме од телефонот, а и понатаму да ги користиме неговите предности?

- Advertisement -

Бидејќи зависноста од смартфони е сериозен проблем, компаниите како Apple и Google последните години креираа неколку опции за следење на времето поминато на телефон, но лондонското студио Special Projects осмисли уште порадикален начин за одвикнување од телефон. Тие дигиталните ограничувања одлучија да ги заменат со аналогни и го направија Paper Phone, односно „хартиениот телефон“.

Paper Phone, всушност, е бесплатна апликација за Android која на корисниците им овозможува да изберат кои информации му требаат за тој ден како што се контактите од телефони, потсетници, настани од календарот, Google Maps, временска прогноза, едноставни игри како Sudoku и слични информации. Потоа апликацијата ги средува тие податоци во документ, кој може да се испечати на хартија, да се свитка хартијата по дадена шема и да се исклучи паметниот телефон затоа што се што ќе ви треба во текот на денот сега го имате на хартија.

- Advertisement -

Иако можеби делува смешно и можеби еколошки неприфатливо, испечатените податоци содржат се што сме избрале дека ни треба за денот.

За некои овој аналоген начин можеби е интересен и практичен, а други сигурно ќе се откажат после само 15 минути. Но, мора да признаеме дека овој начин на одморање од технологијата моментално можеби е најдобриот избор.

- Advertisement -

Доволно ли сте храбри за да го испробате овој начин на дигитална детоксикација? Ако мислите дека сте, апликацијата можете да ја најдете на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -