Кој е најдобриот пасош во светот?

- Advertisement -

Иако многумина би претпоставиле дека најдобриот пасош во светот е американскиот или германскиот, тоа не е така. Според истражувањето кое го спроведоа британските власти во соработка со компанијата Henley & Partners, Јапонците во 2020 година се најсреќни патници затоа што имаат најмалку работа со визи или посебни документи за преминување граници.

Тие со својот пасош можат да патуваат безгрижно во 191 земја, додека Авганистан е на другиот крај на листата со пасош кој отвора врати во само 26 земји. Македонија се наоѓа на 47. позиција на листата со пасош кој ни овозможува слободно да влеземе во 123 земји во светот.

- Advertisement -

Ова е листата со топ 10 најдобри пасоши во светот:

  1. Јапонија (191 земја)
  2. Сингапур (190)
  3. Јужна Кореја, Германија (189)
  4. Италија, Финска (188)
  5. Шпанија, Луксембург, Данска (187)
  6. Шведска, Франција (186)
  7. Швајцарија, Португалија, Холандија, Ирска, Австрија (185)
  8. САД, Обединето Кралство, Норвешка, Грција, Белгија (184)
  9. Нов Зеланд, Малта, Чешка, Канада, Австралија (183)
  10. Словачка, Литванија, Унгарија (181)

Ова се најлошите пасоши во светот:

- Advertisement -
  1. Северна Кореја, Судан (39 земји)
  2. Непал, Палестина (38)
  3. Либија (37)
  4. Јемен (33)
  5. Сомалија, Пакистан (32)
  6. Сирија (29)
  7. Ирак (28)
  8. Авганистан (26)

Сподели!
- Advertisement -