Постои ли некоја причина паметните телефони да изгледаат како што изгледаат? Ако ја прашаме компанијата dTOOR, која е основана од две жени, телефоните денес се досадни и неинвентивни, па затоа го создадоа Cyrcle Phone.
Овој тркалезен телефон беше претставен на CES 2020 и за него слободно можеме да речеме дека е еден од најбизарните уреди на саемот.
Уредот работи на Android 9 и поддржува две СИМ картички, но тоа не е причината поради која е интересен. dTOOR смета дека е посебен затоа што има тркалезна форма и два приклучоци за слушалки. Поради тоа, наводно, го собира во секој џеб. Другиот аргумент што го даваат е дека има два приклучоци од 3,5 мм за двајца истовремено да слушаат музика како некогашните Walkman.
Иако изгледа чудно, сигурно и за овој уред ќе се најдат купувачи кои сакаат да бидат посебни во друштвото. Моментално не е познато дали и кога Cyrcle Phone ќе се најде на пазарот и по која цена.