Нов повик за стартапи за влез во програма на Х Фактор Акцелератор

- Advertisement -

X Фактор Акцелератор oтвори нов повик со можност и за финансиска поддршка за стартапи од 30.000 евра.

Обезбедуваме и менторски/тренинг услуги од страна на практичари кои имаат стартувано и водат сопствени бизниси, како и од голема мрежа на домашни и странски експерти во разни области.

- Advertisement -

Може да аплицираат оформени тимови од минимум двајца поединци, со јасна визија да “запливаат” во светот на претприемништвото, и кои имаат:

  • креирани и пазарно валидирани иновативни производи/услуги со глобален пазарен потенцијал, во БИЛО КОЈА ОБЛАСТ;
  • развиена првична верзија на бизнис-модел кој ветува солиден потенцијал за раст и
  • силен мотив за брза комерцијализација преку јасна “Go to market” стратегија и план за продажба на први клиенти.

Аплицирањето се прави со пополнување на кратката апликациска форма, до која може да се пристапи со кликање на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 31.01.2020 година.

- Advertisement -

Повеќе информации може да добиете во X Фактор Акцелератор, ул. Борис Карпузов, 1, Велес. Пишувајте ни на следниот е-маил: info@xfacc.mk

Сподели!
- Advertisement -