Јапонски милијардер дели 9 милиони долари на Twitter

- Advertisement -

Една од идеите за кои се повеќе се зборува во последно време се основните универзални приходи, односно сума на пари која би ја добивале сите граѓани на една земја. Во зависност од теориите, вработувањето не треба да има улога во тие примања, па во некое идеално сценарио таа сума би ја добивале и богатите луѓе.

Секако, проблемот е во тоа што ако државата даде нешто, мора од некаде да го земе, односно прашање е како ќе се финансира таа идеја. Исто така, се поставува прашањето дали тие пари ќе ги усреќат луѓето. Таа теорија одлучи да ја провери јапонскиот милијардер Јусаку Маецава, кој одлучи преку Twitter да подели пари.

- Advertisement -

Иако често ги предупредуваме сите корисници да не наседнуваат на измами и лажни наградни игри во кои се нуди нешто бесплатно, Маецава е исклучок. Откако минатата година подели пари преку оваа социјална мрежа, годинава најави дека ќе подели дури 9 милиони долари на своите следбеници кои ќе ја споделат неговата објава. Наградата е ограничена само на корисниците од Јапонија, а додега повеќе од 4 милиони луѓе го споделиле неговиот твит, но досега не се објавени добитниците на наградите.

Парите ги дели како социјален експеримент и да ги поттикне научниците и економиситте на расправа за универзалните приходи. Тој сака да дознае дали сумата која би ја добивале луѓето, околу 9.000 долари месечно, навистина ќе ги усреќи.

- Advertisement -

Инаку, Јусаку Маецава е првиот приватен патник за пат околу Месечината. Него неодамна на конференција го претстави Илон Маск, во чија ракета јапонскиот милијардер ќе патува до Земјиниот сателит, а не е познато колку ќе плати за тоа искуство.

Сподели!
- Advertisement -