Во Tom’s Diner во Денвер, САД, се плаќа данок за секое глупаво прашање

- Advertisement -

Честопати велиме подобро е да прашаме кога не знаеме нешто отколку да погрешиме. Но, тоа не важи во еден ресторан во американската држава Колорад. Tom’s Diner во градот Денвер веќе дваесет години ги наплаќа глупавите прашања од гостите по дополнителни 38 центи од прашање. Сопственикот на Tom’s Diner ја добил оваа смела, но налудничава идеја за да ги забавува и вработените и гостите.

Иако оваа традиција трае веќе две децении, ресторанот неодамна стана популарен кога корисник на страницата Reddit ја сподели фотографијата од својата сметка, на која меѓу нарачките пишува и „едно глупаво прашање 0,38 долари“.

- Advertisement -

Покрај сметката, за данокот за глупави прашања пишува и во менито. Сепак, од ресторанот нагласуваат дека овој данок не му се наплаќа никому со зла намера, туку како шега. Имено, вработените, всушност, никому не му го наплаќаат тој данок и вообичаено го вклучуваат во сметката само на гостите кои се во добро расположение и изгледа дека нема да се налутат.

Меѓутоа, данокот за глупави прашање не единствената занимливост кај овој ресторан. Всушност, целото мени е уникатно. На пример, ако сакате да нарачате некоја здрава опција, ресторанот ви препорачува да го прескокнете оброкот или да се вратите пеш до дома.

Сподели!
- Advertisement -