8.8 C
Skopje
сабота, февруари 14, 2026


Пазарот на паметни телефони продолжува да расте втора година по ред

- Advertisement -

Глобалните испораки на паметни телефони пораснаа за 2 проценти на годишно ниво во 2025 година, втора година по ред на раст, благодарение на поголемата побарувачка за премиум уреди и забрзаното усвојување на 5G технологијата на клучните пазари во развој. Apple беше водечки производител во 2025 година со пазарен удел од 20% и раст на испораките од 10% на годишно ниво, што е најголем раст меѓу петте најголеми брендови, се вели во извештајот.

Растот на Apple беше поттикнат од силната побарувачка на пазарите во развој и средните пазари, како и од успехот на серијата iPhone 17, со солидни резултати за моделот iPhone 16 во Јапонија, Индија и Југоисточна Азија.

- Advertisement -

Samsung се најде на второто место со пазарен удел од 19 проценти и раст од пет проценти, со стабилна побарувачка за серијата Galaxy A во сегментот од средна класа, додека моделите Galaxy S25 и Fold7 ја зајакнаа позицијата на компанијата во премиум класата.

Кинескиот „Киоами“ остана на третото место со пазарен удел од 13 проценти, благодарение на стабилните испораки и отпорната побарувачка на пазарите во развој, како и избалансираната понуда на уреди.

- Advertisement -

Во четвртиот квартал од 2025 година, глобалниот пазар на паметни телефони забележа скромен раст од еден процент на годишно ниво. „Епл“ постигна рекорден квартален удел од околу 25 проценти од глобалните испораки во текот на периодот, додека „Самсунг“ беше втор со 17 проценти.

Производителите ги забрзаа испораките на почетокот на годината поради загриженост за воведување царини, но нивното влијание во текот на годината беше послабо од очекуваното, а испораките во втората половина од 2025 година останаа во голема мера стабилни.

- Advertisement -

Аналитичарите предупредуваат дека 2026 година може да донесе нови предизвици, првенствено поради евентуален недостиг на DRAM и NAND меморија и зголемување на трошоците за компоненти, бидејќи производителите на чипови сè повеќе се фокусираат на производство за центри за податоци со вештачка интелигенција.

Цените на мемориите се зголемија за дури 50 проценти на годишно ниво во четвртиот квартал од 2025 година, а се очекува овој тренд да продолжи, што би можело да доведе до повисоки цени на паметните телефони и да влијае на идните испораки.

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -