Amazon ќе инвестира милијарди долари во Индија

- Advertisement -

Директорот на американската технолошка компанија Amazon, Џеф Безос најави голема инвестиција во Индија, фокусирана на дигитализација на мали и средни компании. Дигитализацијата на тие компании треба да им овозможи продажба и работа преку Интернет, појасни Безос и додаде дека ова ќе биде векот на Индија.

Сепак, овој потег на Безос уште од старт наидува на негодување кај локалното население. Имено, илјадници мали трговци во 300 индиски градови сметаат дека Amazon има негативно влијание на малопродажниот пазар. Тие тврдат дека поради Amazon остануваат без работа затоа што американската компанија нуди производи по многу пониски цени и на својата платформа прифаќа мал број големи продавачи.

- Advertisement -

Од Amazon одговорија дека динамичноста, енергијата и растот се нешто што ја прави посебна Индија, иако е уредена како демократија. Исто така, Безос истакна дека очекуваат до 2025 година да извезуваат индиска роба во вредност од 10 милијарди долари.

Наводно, Amazon веќе се обврзал да инвестира 5,5 милијарди долари во Индија. На индискиот пазар за интернет продажба сега доминираат Amazon и Flipkart, кој е во сопственост на американскиот малопродажен синџир Walmart. Двете компании лани претрпеа сериозен удар која индиската влада најави дека подготува нови закони со кои на малопродажните компании на интернет им се ограничува продажбата на стока од сопствени подружници.

- Advertisement -

На почетокот на оваа година конгломератот Reliance Industries, со кој управува најбогатиот Азиец, Мукеш Амбани, одлучи да му конкурира на Amazon во Индија со сопствени услуги. Reliance Industries сака како отскочна штица да ја искористи големата база на корисници на услуги на мобилната телефонија во земјата.

Сподели!
- Advertisement -